Бергамо, еден од италијанските градови кој беше најпогоден од пандемијата со коронавирусот, прогласи победа, откако вчера од болницата „Папата Јован 13-ти“, беше отпуштен последниот пациент со Ковид-19, после 137 дена непрекината борба со вирусот.
„Победивме! Отпуштањето на последниот пациент беше проследено со многу емоции“, објавија од болницата.
Бергамо имаше 6.000 жртви на Ковид-19, а во критичните денови повеќе од 100 пациенти беа приклучени на респиратори истовремено. За нивните животи се бореше персонал од 400 медицински лица.
Tv21










