Најмалку 34 осомничени лица поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО се приведени во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Локалната полиција во областа Измир изврши истовремени операции во пет градови, изјави изворот кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Најмалку 19 осомничени лица се приведени, вклучувајќи двајца протерани началници на полицијата за кои било откриено дека ја користеле апликацијата за тајно комуницирање „БајЛок” (ByLock).
Безбедносните сили трагаат по пет останати осомничени лица.
Во одделна операција во медитеранската област Анталија, полицијата приведе 15 осомничени, а четворица од нив се задржани во притвор.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.
Anaolu









