Со повеќе од половина година теренска работа и комуникции со семејствата на жртвите од геноцидот, тимот на Меморијалниот центар Сребреница на чело со Азир Османовиќ собра над 350 лични предмети на жртвите од геноцидот. Станува збор за активности кои претставуваат основа за создавање значаен архив на музејската збирка и идна голема изложба која ќе може да опфати приказни кои овие предмети ги носат, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Проектот на собирање лични предмети е од исклучителна важност за Меморијалниот центар. Предметите ги собираме на два начини, од членовите на семејствата на жртвите и така што посетуваме значајни локации низ кои групите на тие луѓе поминувале во текот на геноцидот или престојувале на тие места одреден број на денови или месеци. Креираме дигитална изложба од собраните лични предмети на жртвите од геноцидот. Поради ограничувањето со организацијата на вообичаени изложби за нашите посетители и поради ситуацијата со коронавирусот на овој начин сакаме да прикажеме дел од нашата работа на овој проект”, напоменува Османовиќ.

Дел од изложбата ќе биде прикажан низ комуникација преку социјалните мрежи, но Османовиќ порачува дека е важно да се сочува приватноста на оние кои ги донираа своите предмети и да ја задржат таа важна блискост на реална средба со овие материјали во самиот Меморијален центар. Поради тоа, како што вели, се очекува собирањето да продолжи и овој проект да расте.

„За да ни помогнат да ја сочуваме културата на сеќавање на геноцидот и нашето најдраго, ве повикуваме и вас ако поседувате личен предмет на некој од своите блиски сродници убиени во геноцидот да ни ги отстапат истите на трајно чување. Сега можеме да кажеме дека сме ја заокружиле целината на активноста, ги спознавме клучните предизвици и развивме добри пракси. Но нашата раота никогаш не се завршува, туку се е покренато секогаш има некое свое продолжување – во трагање за приказните на оние кои ги загубивме во геноцидот”, заклучува Османовиќ.

Изложбата ја реализираат Меморијалниот центар Сребреница и Центарот за постконфликтни истражувања (PCRC).

Анадолу