„И покрај страдањето, Палестинците нема да го подигнат белото знаме“, рече архиепископот Аталах Хана (Atallah Hanna), поглавар на епархијата Себастиа ( Sebastia) на грчката православна црква во Ерусалим (Jerusalem).

Во изјавата објавена за мас-медиумите, Хана (Hanna) рече: „Господ нека им помогне на палестинскиот народ кој страда од коронавирус, невработеност и сиромаштија“.

Тој истакна: „Палестинците страдаат од сите страни на нивниот живот заради угнетувачката окупаторска политика“.

„Господ нека му помогне на овој народ во овие околности, што вклучува и заговори со цел ликвидација на нашиот народ, нашиот правен случај што е најправеден и благороден случај во современата човечка историја“, рече тој.

Завршувајќи ја својата изјава, Хана (Hanna) истакна: „Сигурни сме дека ќе победиме и покрај сите тешкотии и заговори кои се насочени кон Палестинците кои никогаш нема да кренат бело знаме“.


„MEMO“

„Dubai-Portal“