Во главниот град на Белгија, Брисел, е одржан протест против инвестициите за петтата генерација комуникациска технологија 5Г.

Групата демонстранти кои се собраа пред централната железничка станица истакнаа дека оваа нова технологија која во споредба со претходните генерации ќе произведува повисок електромагнетен бран е штетна за човековото здравје.

Демонстрантите во своите раце носеа транспаренти со натписи „Бојкотирај ја 5Г“ и „Сопри ја 5Г технологијата“.

TRT