Воен транспортен авион со медицинска помош, што денес ќе биде испорачана во Србија, полета од Анкара, јавува Агенција Анадолија (АА).

Турција продолжува да им помага на земјите погодени од пандемијата на коронавирусот (Ковид-19).

По налог на претседателот Реџеп Таип Ердоган, од Турција за Србија утрово е испратена помош што се состои од заштитни маски, респиратори од турско производство, носила, визири и очила.
Медицинската опрема, што ја обезбеди Министерството за здравство на Турција, денес е натоварена во воениот авион од типот „А 400М“ на Турските вооружени сили (TSK) на аеродромот „Етимесгут“ во Анкара.
– Помош за Санџак
Претседателката на Бошњачкиот национален совет (БНВ), Јасмина Цуриќ, поради влошената ситуација во Санџак, упати писмо со повик за помош до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Турција, одговарајќи на повикот, одлучи да му помогне посебно на Санџак, каде што во последно време ситуацијата беше сѐ потешка поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот и поради недостатокот на медицински материјал, опрема, но и персонал.
Потсетуваме, на 8 април оваа година Турција испрати авион со медицинска опрема за Северна Македонија, како и за другите балкански земји, со цел помош во борбата со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).
Anadolu.









