Авион на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајан’ер“ со 164 луѓе принудно слета на аеродромот во Солун откако екипажот пријавил пожар, но сепак портпаролот на авиокомпанијата појасни дека немало пожар, тревога била активирана откако „се почувствувал неидентификуван мирис во кокпитот и кабината“, објавија грчките власти.
Авионот што патувал на релацијата Берлин-Атина испратил сигнал за тревога и побарал дозвола за итно слетување додека летал над регионот на Халкидики, кажа министерот за цивилна заштита.
Веднаш биле воспоставени вонредни протоколи, по што авионот безбедно слетал во Солун и сите 158 патници и шест членови на екипажот биле евакуирани.
„SDK“










