Неколку стотици луѓе излегоа на улиците во Берлин денес во знак на протест против изградбата на нелегални еврејски населби и планираната израелска анексија на делови од окупираниот Западен Брег.
На покана на повеќе палестински здруженија во Германија, граѓаните се собраа пред зградата на Федералниот парламент.
Собраните носеа транспаренти со пораките „Крадењето на земјиштето е кривично дело, но и молчењето“, „Нека бидат ослободени сите Палестинци во израелските затвори“, „Не на анексија, стоп на расистичката дискриминација против Палестина“ и „Ако окупацијата заврши, почнува мирот“.
На протестите присуствуваа и други. Ахмед Мухајзен кој изјави за АА дека некако мора да се запре израелскиот план за анексирање на делови од Западниот Брег.
– Ваквиот чекор би значел нов бран бегалци. Би доживеале нова катастрофа. Ова исто така ќе биде крај на решението за две држави. Ова исто така би значело дека не останува територија за државата Палестина, истакнал Мухајзен.
Тој ја повика германската влада и целата меѓународна заедница да изврши силен притисок врз Израел како никогаш досега да го напушти планот за анексија.
– Ова би значело и крај на Јордан. Тоа е навистина закана за Јордан. Бран бегалци ќе се упатат кон Јордан. Демографската структура во Јордан ќе се промени, рече тој.
Мухамед Бејдона истакна дека со овој протест сакаат да им се придружат на другите во светот и да го кренат својот глас против планот за анексија.
„Федералниот парламент мора да стори нешто против овој план, што е дефинитивно спротивно на меѓународното право“, изјавил Бејдона, додавајќи дека планот за анексија ќе узурпира 30 проценти од палестинската територија и нема да остави простор за палестинска држава.
„Ова е голема трагедија за Палестинците“, рече Бејдона.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху формираше заедничка израелска влада со лидерот на опозицијата, Бени Ганц, и двајцата најавија дека ќе го забрзаат планот за анексија на долината Јордан и другите територии на Западен Брег, каде што се изградени нелегални еврејски населби од почетокот на јули.
Анекцијата е како дел од „Договорот на векот“ на американскиот претседател Доналд Трамп, кој беше објавен на 28 јануари, а се однесува на Ерусалим како „неподелена престолнина на Израел“ и го признава израелскиот суверенитет над големи делови на Западниот Брег. Планот бара воспоставување на палестинска држава како архипелаг поврзан со мостови и тунели.
Палестинските власти изјавуваат дека според американскиот план, Израел ќе анектира 30 до 40 проценти од Западниот Брег, вклучувајќи го и целиот Источен Ерусалим.
Западниот брег, вклучително и Источен Ерусалим, се смета за окупирана територија според меѓународното право, со што сите еврејски населби на територијата, како и планираната анексија, се незаконски.










