Џенгиз Ундер не успеа комплетно да се наметне во системот на тренерот Фонсека и одигра 17 натпревари оваа сезона, која интересно според многумина ќе биде последна за него во италијанската престолнина и покрај тоа што беше најавуван како голема надеж на клубот.

Италијанските медиуми тврдат дека фудбалерот веќе има преддоговор со Наполи за трансфер на „Сан Паоло“, што треба да претставува втор тежок удар за „волчицата“ откако минатата година во ист правец замина и Манолас.

Џенгиз кој има само 22 години и натаму важи за голем фудаблски потенцијал кој допрва треба да се развие на фудаблската сцена, а со оглед на тоа што неговата пазарна вредност е сосема прифатлива во овој период (25 милиони евра), се верува дека трансферот брзо би се реализирал.

– Вистина е дека се преговара со Наполи, но не станува збор за интерес само од овој клуб, – изјави агентот на фудбалерот, Фали Рамадани.

– Има уште неколку големи клубови кои се заинтересирани за Џенгиз. Нема да именувам имиња, во овој момент се уште е насочен само на Рома, – додаде претставникот на Турчинот.

Derbi