Од вечерва и официјално Баерн Минхен (Bayern Munchen) е посилен со уште еден германски репрезентативец, откако Лерој Сане (Leroy Sané) потпиша договор со Баварците до јуни 2025 година. Засега нема точна информација колку чинеше овој трансфер, но се претпоставува дека Сити (City) ќе инкасира 60 милиони евра.
Сане на неколку пати одбиваше да потпише нов договор со тимот на Пеп Гвардиола (Pep Guardiola), па јасно беше дека нема повеќе да игра во Премиер лигата (Premier league).
24-годишниот германски репрезентативец покрај за Манчестер Сити (Manchester City), во кариерата играше и за Шалке 04 (Schalke 04).
„ Gol“










