Офанзивниот играч од средниот ред Филипе Кутињо (Philipe Coutinho), кој е на позајмица од Барселона (Barcelona), ја преполовил својата плата за време на пандемијата на коронавирус, за да може да остане на „Алијанц арената“ („Allianz Arena“) до крајот на тековната кампања.

Бразилецот продолжува да се опоравува од непријатната повреда на ногата, што не му дозволи да учествува во ниту еден натпревар на „баварците“ по рестартирањето. Сепак, играчот се очекува да биде достапен за финалето на германскиот куп и плеј-офот во Лигата на шампионите (Champions league).

Офанзивниот играч го продолжи заемот од екипата на Барселона за дополнителни два месеци. Меѓутоа, неговата клаузула за обновување предвидува услов да ја преполови својата неделна плата, која досега изнесуваше 200.000 евра неделно.

Баерн (Bayern) се соочува со Баер Леверкузен (Bayer Leverkusen) во финалето на Купот на Германија (Dfb Pokal) пред да се соочи со Челси (Chelsea) во реваншот од 1/16-финалето од Лигата на шампионите (Champions league).


„NovaTV“