Амбасадорот на Исламската Република Иран во Пакистан го поддржа неодамнешниот говор на Имран Кан во врска со напорите за намалување на тензиите во регионот со цел зајакнување на исламското единство.
Сеид Мохамед Али Хосеини, иранскиот амбасадор, денес на својот официјален профил на Твитер на Урду јазик го истакна говорот на пакистанскиот премиер Имран Кан, кој вчера на седницата на пакистанскиот парламент рече дека неговата земја продолжува да работи на намалување на тензиите во регионот, со цел зајакнување на исламското единство .
„Како и досега, ја цениме добрата волја на Имран Кан со цел исполнување на интересите на муслиманите и зајакнување на исламското единство“, напиша иранскиот дипломат во коментар.
Во својот говор, Имран Кан посочи на блиски односи со Иран, како и на односите на Пакистан со Саудиска Арабија и додаде дека е горд на напорите за намалување на тензиите во регионот.
Но, тој истакна, без да даде конкретни имиња, дека некои од играчите не поддржуваат подобрување на односите меѓу Техеран и Ријад.










