Турскиот суд во Анкара денес (петок) им изрече доживотни казни на 121 лица во врска со обидот за соборување на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во 2016 година, јавуваат државните медиуми.

Турција го обвини Фетулах Ѓулен за обидот за воен удар на 15 јули 2016 година.

Според турската влада, најмалку 248 лица, биле убиени на 15 јули 2016 година, кога дел од војската се обидела да го собори претседателот Ердоган.

86 мина од обвинетите беа осудени на строг доживотен затвор за „обид за кршење на уставот“, а уште 35 лица добија доживотна казна затвор.

Според турскиот правен систем, строг доживотен затвор има построги услови за притвор и беше донесена одлука за замена на смртната казна, што Турција ја укина во 2004 година, како дел од обидот за влез во ЕУ.

На еден поранешен полковник му беше изречена девет пати отежнато доживотен затвор поради „намерно убиство“.

1.900 веќе ја добија казната доживотен затвор.

Повеќе од 1.900 луѓе веќе се осудени на доживотен затвор од страна на турските судови за врски со државниот удар од декември, објави турската новинска агенција „Анадолу“.

Неуспешниот обид за пуч во 2016 година доведе до стотици илјади апсења, притвори и отпуштања од работа во јавниот сектор