Израелските воени авиони извршија ракетни напади врз сириски воени позиции во централната покраина Хама, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Сириската официјална новинска агенција САНА, цитирајќи воен извор, објави дека биле нападнати голем број воени позиции во населбите Саламија и Ал Сабура во околината на Хама.

Се вели дека сириската противвоздушна одбрана пресретнала неколку ракети, додавајќи дека нападите предизвикале материјална штета.

Претходно извештаите сугерираа дека двајца војници се убиени во израелските напади во околината на покраините Деир ез-Зор и Свеида.

Израелската Војска сѐ уште не ги коментираше ваквите извештаи.

Уште од почетокот на сириската граѓанска војна во 2011 година, Израел спроведе неколку воздушни напади врз воените позиции на режимот и врз групите поддржани од Иран.


Anadolu