Во рамките на антитерористичката операција „Канџа-тигар“ во северен Ирак, турските специјалци во регионот Хафтанин открија и потполно уништија пештера со тунел долг 150 метри, што како засолниште ја користеле терористите на ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението од Министерството за одбрана на Република Турција е наведено дека безбедносните сили успешно продолжуваат со антитерористичката операција.

Во регионот Хафтанин е пронајдена пештера што терористите ја користеле како засолниште, со тунел долг околу 150 метри.

Турските специјалци во успешна акција во потполност ја уништија пештерата и ја доведоа во неупотреблива состојба.

Турските безбедносни сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во Турција, но и на северниот дел на Ирак и Сирија.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца. ЈПГ е нејзин сириски огранок.

Anadolu