Во напад на талибанците во Авганистан загинаа седум војници

by Administrator

Најмалку седум војници загинаа во напад на талибанците на подрачјето Бадгис во западниот дел на Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).

Од Министерството за одбрана е потврдено дека милитантите извршиле напад врз воен пункт во селото Акази во местото Бала Мургаб.

Авганистанското министерство потврди дека загинале седум, а ранети се пет војници. Во соопштението се наведува и дека по нападот дошло до судири во кои имало жртви и на страната на талибанците.

Anadolu

You may also like