Во Јапонија (Japan), како и во многу други земји, сè повеќе луѓе патуваат на работа со велосипед, поготово во ова кризно време.

Но, тешко на тој што не ги следи правилата во Јапонија (Japan). Според новите и строги правила за сообраќај, забрането е да се вознемируваат другите со непотребната употреба на звоно.

Истото важи и за непотребно сопирање или блокирање на велосипедска патека. Мерките влегуваат во сила на 30 јуни. Велосипедистите стануваат се почести на улиците на Токио (Tokyo), град кој не е познат по безбедноста на патеки со велосипед.

Велосипедистите на возраст над 14 години ќе треба да полагаат курс за сообраќајни прописи доколку ги прекршат правилата, два-пати во три години. Оние што одбиваат ќе платат казна до 50 000 јени (24,411 денари, 396 евра).

Јапонската агенција „Киодо“ („Kyodo“) пишува дека минатата година јапонската полиција документирала повеќе од 26.000 случаи на опасно однесување на велосипедистите, од кои само 328 поминале курс за безбедност во сообраќајот.

Вкупно 80.000 сообраќајни несреќи во кои се вклучени и со велосипеди, лани загинале 433 лица.


„Index“

„Dubai-Portal“