По само ден после изборите во Србија (Serbia), каде Вучиќ (Aleksandar Vučić) прогласи победа, а опозицијата ги нарече лажни изборите, поради излезеноста под 50%, епидемиолошката состојба на Ковид-19 (Covid-19) во Белград (Belgrade) повторно се заканува, напиша епидемиологот Предраг Кон (Predrag Kon) на својот профил на Фејсбук (Facebok) и истакна дека има многу голем број на дневни прегледи на сомнителни случаи на Клиниката за инфективни болести во Белград (Belgrade).

„Епидемиолошката состојба во Белград (Belgrade) повторно се заканува заради враќањето на студентите во нивните домови, така што може да се рашири низ цела Србија (Serbia)“, напиша Кон.

„Ситуацијата се влоши по 5 јуни, кога ограничувањата на јавните собири беа зголемени на 1.000, а подоцна и целосно укинати“, рече тој.

„Влошувањето на оваа состојба е поврзано со дербито на 10 јуни, иако новите пациенти не даваат информации дека биле на дербито, барем не знам“, истакна Кон.

Кон рече дека мерката за оддржување растојание на спортските натпревари не била укината, поради што треба да се земе предвид казната на клубовите со забрана за нивно играње пред гледачите.


„Danas“

„Dubai-Portal“