ТРИПОЛИ (АА) – Либиската Влада објави два документа со кои се докажува дека Калифа Хафтар, водачот на нелегалните вооружени сили на истокот на земјата, е финансиски корумпиран, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Фотографиите од двата документа беа објавени на фејсбук-профилот на медиумскиот центар на операцијата „Вулкан на гневот“ при либиската Влада.

Документите содржат информации дека Воената инвестициска комисија поврзана со Хафтар нелегално запленила државно земјиште и територии, како и земјоделски проекти за недвижнини.

Овие документи беа објавени во францускиот весник „Ле Монд“ (Le Monde) во јули 2016 година под наслов „Како Хафтар доминираше (на истокот од земјата) со економијата.

Операцијата „Вулкан на гневот“ претходно објави извештај дека Воената инвестициска комисија поврзана со Хафтар потпишала договор со италијанската Федерација на рибарски институции во март 2019 година.

Според договорот, во извештајот се содржани информации дека милицијата на Хафтар ќе дозволи италијански рибарски чамци да ловат во либиските води во текот на 5 години, а за тоа месечно ќе плаќаат по 10.000 евра.

Во друг извештај, објавен од операцијата „Вулкан на гневот“ во јуни 2019 година, беа дадени информации за механизмите што ги спроведуваше милицијата на Хафтар за пристап до нови извори на приход и за иднината на економијата во регионите што ги контролира.

„Хафтар ја користи Воената инвестициска комисија за распределување на локалните ресурси и за земање заеми кои водат кон сериозно задолжување“, се вели во извештајот.

Либиската Влада неодамна од милицијата на Хафтар ги ослободи градовите Триполи, Тархун и други региони.

Anadolu