Банди создадоа хаос во Штутгарт и ја нападнаа полицијата, уапсени се најмалку 20 лица

0
143

Најмалку 20 лица се уапсени по нападот врз полицијата во центарот на Штутгарт за време на потрагата по пронаоѓање дрога, соопшти полицијата.

Во немирите се повредени четворица полицајци, а причинета е материјална штета на продавниците во центарот на градот.

Немирите избувнаа како очигледна реакција на полициската акција, но сторителите го продолжија вандализмот со вадење на делови од асфалтиран тротоар и кршејќи ги излозите на продавниците.

Ситуацијата се смири пред зори, кога пожарникарите започнале со чистење на излозите и влезовите на продавниците.

Полицијата ги замоли сите кои ги снимиле немирите на своите телефони да објават видеа што би можеле да помогнат при истрагата.

Од полицијата во Штутгарт соопштија дека 200 полицајци реагирале на инцидентите.

Извор: Агенции