Израелската војска тајно изврши стотици обиди за развој на оружје врз животни, објави во неделата израелскиот весник „Једиот Ахронот“ („Yedioth Aharonoth“), пренесува агенцијата „Анадолу“ („Anadolu“).
Во изминатите три години, израелското Министерство за одбрана спроведе околу 1.000 експерименти врз разни видови животни, пишува весникот, повикувајќи се на документ од здружението „Оставете ги животните да живеат“ (“Let the Animals Live”) .
Според документот, израелската армија користела животни за да симулира поморски инцидент со повеќе жртви.
Свињите најчесто се користеле во медицински експерименти заради сличноста на структурата на срцето и респираторниот систем со луѓето, покажа документот.
Весникот наведува дека Министерството за одбрана искористило некои од експериментите за да ги тестира реакциите на телото на експлозијата и експлозијата на аеросолот.
Израелската војска тврди дека малку користела експерименти со животни само за медицински истражувања и под надзор на квалификуван ветеринар.
„MEMO“
„Dubai-Portal“










