Еден од најдобрите аргентински дефанзивци на сите времиња, Фернандо Касерес кој во кариерата настапуваше за екипи како Ривер Плата, Бока Јуниорс и Сарагоса во интервју за јЈутјуб каналот „Idols“ откри дека добил примамлива финансиска понуда за да го повреди Роналдињо.
„Ми понудија 500.000 шпански пезети за да го повредам Роналдињо, сакаа да го исфрлам од натпреварот. Тоа воедно беше и единствениот начин за да се запре волшебник како Роналдињо. Тогаш настапував за Селта, Роналдињо тргна по топката, а јас го удрив од зад грб. Падна на земјата и кога му понудив рака за да се крене му признав дека ми понусија 500.000 пезети за да го исфрлам од игра. Знаете што ми рече: Доколку ме стигнеш.
Не можев да поверувам на неговите зборови“, открива Касерес кој исто така го „повредил“ и Диего Марадона.
„Кога бев млад, се обидов да пресечам една топка и во скокот удрив некого. Кога се свртев, видов дека тоа е Марадона. Сакав да пропаднам во земја.“
Slobodenpecat
