Ударна вест: Тлее војна помеѓу Кина и Индија, 20 мртви

0
106

Индиската армија соопшти денеска дека 20 нејзини припадници се убиени во судир со кинески војници на спорната граница на Хималаите.

Индиската армија објави дека двете страни се разделиле во спорното подрачје на Галван, каде се судрија вчера вечер, објави АП.

Индиската армија првично извести дека тројца нејзини војници се убиени, но подоцна објави дека уште 17 војници им подлегнале на нивните повреди.

Кина ги обвини индиските сили за извршување на провокативни напади врз своите трупи и не соопшти дали е убиен некој од нејзините војници.

Според неименуван извор од индиската влада, војниците се судриле со железни шипки и камења, без да бидат истрелани куршуми, пренесе Ројтерс.

Ова е прв конфликт помеѓу двата азиски гиганти од 1975 година.

Спорната граница зафаќа скоро 3.500 километри, што двете држави ја нарекуваат Линија на реална контрола.

Двете земји се обидоа да го решат граничниот спор во раните 90-ти, но без успех.

Оттогаш, војниците на двете земји честопати се соочувале по должината на границата, која се протега од Ладах на север до индиската држава Сиким на североисток, пренесува Танјуг.