Во францускиот град Дижон дошло до масовна тепачка меѓу Чеченци и Северноафрикански Арапи. Полицијата се жали дека политичарите ги напуштиле. Чеченците излегоа се дигнале на нозе поради претепување на чеченско момче а сето завршило со вадење на оружје за кое дури не би се срамиле ниту и терористите во Сирија. Чеченците сакаат одмазда за претепувањето на чеченското момче, а Арапите се закануваат со одмазда. На снимките може да се видат јуришни пушки, сачмарки, пиштоли и други воени арсенали.
„Овие слики секогаш се шокантни. Сепак, јас и другите полицајци, не сме изненадени. Некои колеги од Дижон ни објаснија дека веќе испратиле белешки пред петнаесет години дека таму веќе имало калашникови “, објаснува Фабиен Ванхемајткет, генерален секретар на Националната полиција. „Како дојдовме до ситуација кога деликвентите јавно ни покажуваат вооружување? Мора да има силни санкции, силна репресија и силен криминален одговор. За сите злосторства, не само за ова “, продолжува Фабиен Ванхемиткет.











