АНКАРА (АА) – Најмалку тројца терористи се неутрализирани во операција во источната турска област Ван, соопшти денес турското Министерството за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како дел од антитерористичките операции со цел осигурување на внатрешната безбедност, жандармериските сили спроведоа операција во руралните области на Тендурек во округот Калдиран.
„Операциите во регионот се во тек“, се додава во соопштението на Министерството.
Иако во него не се споменува одредена терористичка организација, Турција долго време спроведува операции против терористичката организација ПКК во регионот.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.
Anadolu









