Војската на меѓународно признатата Влада на национално единство на Либија се подготвува за клучни акции во рамките на операцијата Патот до победата, која неодамна ја започна со цел ослободување на стратешки важниот град Сирт, кој е под окупација на нелегитимните милитантни сили кои ги предводи Калифа Хафтар, јавува Агенција Анадолија (АА).

Либиската војска во текот на изминатите денови остварува големи успеси во борбата против милитантните на Хафтар кој во изминатите денови изгубија контрола во повеќе градови во Либија кои ги држеа под окупација, вклучувајќи ги Триполи и Тархуна, како и воздушната база „Ватија”.

Либиската војска воспостави контрола и во воените кампови Ел Текбали, Хамза и Јермук, како и над 350 километри долгиот коридот кој ги поврзуваше милитантите на Хафтар на западниот и јужниот дел на земјата.

Следната цел на либиската војска е ослободување на Сирт, градот на брегот на Средоземното море кој е сместен меѓу Триполи и Бенгази, а репортерската екипа на АА ги сними последните подготовки кои војската ги извршува во неодамна ослободените региони Вишка и Абу Греин.

Либиската војска минатата недела го ослободи градот Вишка и дојде на само стотици километри од Сирт и соседната покраина Јуфтра во која се наоѓа и воената воздушна база, а чие ослободување е исто така цел на покренатата операција.

Неидентификувани бомбардери во редовите на пучистите на Хафтар привремено го запреа напредокот на либиската армија кон Сирт со воздушни напади, но по последните подготовки, армијата ќе изврши клучен напад за ослободување на тој град.

Сирт е роден град на поранешниот либиски лидер Моамер ал Гадафи, а по „Арапската пролет“ беше некое време под окупација на терористичката организација ДЕАШ. Градот беше ослободен од ДЕАШ во 2016 година, но падна во рацете на милитантите на Хафтар на крајот на минатата година, благодарение на локалните радикални милитанти кои учествуваа во тоа.

Подрачјето на градовите Вишка и Абу Греин беше средиште на жестоки судири меѓу либиската војска и милитантите на Хафтар, а трагите од овие судири сѐ уште се видливи денес на секое место.

Крајбрежното подрачје од Сирт до Мисрата главно се карактеризира со мали рурални населби кои во моментот се празни бидејќи локалното население избегало во побезбедни региони. Ова напуштено подрачје со својот изглед сведочи за жестоки конфликти.

Генералот на либиската војска Хусеин ал Шелтати за АА изјави дека напредувањето кон Сирт се одвива според планот и дека биле извршени бројни летови на извидувачки авиони и беспилотни летала за да се подготват војниците за можни тешкотии на тој пат.

„Нашиот врховен командант, премиерот Фајез ал Сараџ ни нареди да одиме кон Сирт и Jуфра. Операцијата започна на 6 јуни, а нашите војници се карактеризираат со голема волја и подготвеност. Ние го запревме брзиот напредок по воздушните напади, но ги продолживме подготовките “, рече генералот Шеллтати.

Тој рече дека либиската армија добила силна поддршка од неколку страни, и ѝ се заблагодари на Турција, која во Либија испрати деминери кои ги отстрануваат мини во ослободените делови на Триполи, овозможувајќи враќање на протераните локални жители.

Капетанот на либиската војска Абдул Хамид Абу Зејан изјави дека либиската армија на некои места дошла само 50 километри од Сирт, кои сакаат да ги исчистат целосно од ударите на Хафтар.

Истакнувајќи дека ослободувањето на Сирт е голем мотив за него лично затоа што неговиот брат бил убиен во тој град пред четири години во борбата против терористите на ДЕАШ.

„Хафтар ги користи истите методи како терористите на ДЕАШ и на местата од кои се повлекуваат поставаат експлозивни направи. Немаме многу искуство на тоа поле, но во ослободените делови на Триполи ни помогнаа стручни тимови од Турција “, рече Абу Зејан.

Сирт е стратешки важен регион и поради фактот дека во соседната Јуфра има воздушна база и е на влезот во областа со најголеми резерви на нафта и природен гас.

Anadolu