Најмалку десет лица загинале, а 117 биле повредени во експлозија на танкер со нафта во кинеската провинција Kсеџијанг.
Во соопштението на Министерството за управување со вонредни состојби во Кина се вели дека експлозијата на танкер која се случила на патот во Венлинг, исто така, оштетила неколку куќи и фабрики што се наоѓале во близина.
Десет лица загинаа, а 117 беа повредени. Некои луѓе останале заробени под урнатините
Најмалку 400 пожарникари и неколку противпожарни возила се испратени на местото на настанот.
10 people were dead, and 117 injured after a tank truck exploded and veered off an expressway in Zhejiang, China pic.twitter.com/b2bu72eWA7
— China Xinhua News (@XHNews) June 13, 2020
На снимката објавена од кинеските медиуми, можно е да се види густ чад над местото на експлозијата и делови од објекти кои биле оштетени.










