Омер Челик, портпаролот на турската владејачка Партија за правда и развој (АК партија), денес изјави дека неговата земја ги подджува Владата на Сараџ и либиските браќа, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Турција продолжува да ги поддржува Владата на Сараџ и либиските браќа, и сета помош, од воена поддршка и други области, ќе биде пружена по упатства на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган“, изјави Омер Челик, портпаролот на владејачката партија, по состанокот на партискиот одбор.

Либиската војска неодамна му зададе тешки удари на командантот Калида Хафтар и ги ослободи главниот град Триполи и градот Тархуна од неговите милитантити.

Осврнувајќи се на неодамнешната регулатива за употреба на приватен посед во рамките на британските суверени бази на кипарскиот остров, Челик истакна: „Никој не треба да размислува за кршење на правата на кипарските Турци во британските базни области“.

„На овие области, не само кипарските Грци, туку и кипарските Турци имаат право“, додаде тој.

Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека со регулативата уште еднаш биле игнорирани кипарските Турци.

Во 2014 година, помеѓу администрацијата на кипарските Грци и Велика Британија беше потпишана регулатива за употреба на приватен имот во рамките на британските суверени бази која стапи во сила.

Велика Британија управува со два воени пункта – наречени Суверени основни области – во Јужен Кипар кај Акротири и Декелија.

„Додека јасно ја покажуваме нашата гаранција за мир во Егејското и Средоземно море, ние ја гледаме постојана саботажа на Грција или кипарските Грци како детски болести“, додаде тој.

Во 1974 година, по пучот кој имаше за цел анектирање на Кипар од страна на Грција, Анкара мораше да интервенира како земја гарант. Во 1983 година беше основана Турската Република Северен Кипар.

Со децении се појавуваа неколку обиди за решавање на кипарскиот спор, но завршуваа со неуспех. Последниот состанок одржан 2017 година во Швајцарија со учество на земјите гаранти – Турција, Грција и Велика Британија – заврши без напредок.

Anadolu