На граничен премин Батровци, кај турски државјанин пронајдени 400.000 евра

0
180

На граничниот премин Батровци меѓу Србија и Хрватска кај турски државјанин пронајдени се 401.685 евра, кои тој не го пријавил, и приведен е под сомнение за перење пари.

Парите за кои е осомничен Д.Х. знаелдека потекнуваат од криминална активност, како и возилото, тие се привремено одземени, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.

Парите биле пронајдени во автомобил „мерцедес“ управуван од осомничениот, поставени во посебен дел на куфер.

Осомничениот е задржан во траење од 48 часа и тој ќе биде изведен во надлежното обвинителство, заедно со кривична пријава.

Во две одделни акции на граничниот премин Хоргош, на влезот во Србија, полицијата пронашла непријавени пари во вкупна сума од 136.000 евра со преглед на патничките возила на странски државјани, забележува Министерството за внатрешни работи.

(Вијести.ба)