АНКАРА (АА) – Арсен Венгер, шефот на секторот за развој на фудбалот во ФИФА, истакна дека поради епидемијата од новиот вид коронавирус загубата на приходите во фудбалскиот сектор ќе изнесуваат помеѓу 10-14 милијарди фунти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за „beIN Sports“, истакнувајќи дека фудбалските клубови ќе минуваат низ еден тежок период, Венгер нагласи: „Пресметавме дека приходите ќе се намалат за 20 проценти. Износот што ќе го изгуби фудбалот ќе биде помеѓу 10-14 милијарди фунти.“
Забележувајќи дека исплатите на фудбалерите претставуваат најголем дел од клупските трошоци, францускиот тренер изјави дека овој систем треба да се промени.
Венгер нагласи дека епидемијата на коронавирусот ќе влијае повеќе на малите клубови отколку на големите. „Пониските лиги во Велика Британија изумираат. Не сум загрижен за Премиер лигата, тие ќе се спасат.“
Осврнувајќи се и на дискусиите за расизмот во светот, Венгер рече дека фудбалот во својата суштина е антирасистички.
„Без разлика што сте, дали сте белец, црнец или пак син на кралот на Велика Британија, ако сте добри ќе играте“, додаде Венгер.









