АНКАРА (АА) – Либанските власти побараа државните институции да ги преземат потребните мерки против телевизиската емисија во која беа изречени навреди кон Турција, емитувана на 10 јуни, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Турската амбасада во Либан го повика либанското Министерство за надворешни работи да интервенира во врска со емисијата „Ана Хеик“, емитувана на каналот „Ал Џадид“, во која водителот Нешхан Дерхарутијан, со ерменско потекло, водеше интервју со поранешниот министер за животна средина, Виам Вахаб, јави државната Национална новинска агенција (NNA).

Агенцијата го пренесе соопштението на Министерството во кое се вели: „Дерхарутијан и Вахаб јавно и директно ги навредуваа турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и турскиот народ, и ваквите навреди не можат да бидат оправдани под изговор на слободата на изразување.

Амбасадата остро ги осудува вербалните навреди против турскиот претседател и побара интервенција на либанското Министерство за надворешни работи, преку надлежните органи на државата, со цел да се гарантира почитта кон турскиот претседател во сите либански медиуми, јави либанската Национална новинска агенција.

Генералниот секретар на либанското Министерство за надворешни работи, Хани Чмеитли, побара Министерството за информации да ги преземе потребните мерки во согласност со законите, „знаејќи дека ваквите напади ќе ги нарушат односите на Либан со странските земји“, се додава од Министерството.

Anadolu