АНКАРА (АА) – Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека приведени се 7 терористи на ЈПГ/ПКК во областите на операциите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Во спроведените операции за да се спречат активностите на терористичката организација ПКК/ЈПГ, чија цел е нарушување на мирот и безбедноста, во областа на „Штитот на Еуфрат“ приведен е еден терорист, додека во областа на операцијата „Маслинова гранка“ шест терористи на ПКК/ЈПГ“, се наведува во соопштението на турското Министерство.

Од 2016 година, Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор: операцијата „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019 година) и „Пролетен штит“ (2020).

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.

Anadolu