ЛОНДОН (АА) – Екстремнитe десничари кои протестираа во Лондон, главниот град на Велика Британија, за заштита на статуите, ја нападнаа полицијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претходно, неколку статуи во Велика Британија беа цел на демонстрантите кои протестираат под мотото „Black Lives Matter“ (Животот на црнците значи) поради нивна поврзанос со расизмот и трговијата со робови.

Над илјадници екстремни десничари од различни групи, прво почнаа да се собираат на плоштадот „Парламент“.

Десничарите, кои сакаа да влезат во областа каде што се наоѓа зградата на Владата, фрлаа со шишиња и лименки врз полицијата, која не го дозволуваше тоа. Во меѓувреме, некои од демонстрантите упатуваа нацистички поздрави. Екстремниte десничари исто така нападнаа најмалку двајца новинари.

Протестите што антирасистите планираа да ги организираат денес се откажани од организаторите за да се спречи можниот судир со екстремните десничари. И покрај ова, 200 луѓе се собраа на плоштадот „Трафалгар“, на околу еден километар од местот каде што беа екстремните десничари.
– Воведен полициски час за демонстрантите –
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, во изјавата дадена за едно радио истакна: „Има информации дека екстремно-десничарски групи дошле во Лондон. Тие велат дека ги штитат скулптурите, но сметаме дека овие скулптури можат да бидат причина за појава на насилства.“
Кан побара од нив да се држат настрана од центарот на Лондон.
Од друга страна, лондонската полиција за демонстрантите воведе полициски час кој започнува во 17 часот. Ако демонстрантите не си заминат после тоа време полицијата е подготвена да ги приведува.
Anadolu








