Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека ДУИ со предлогот за премиер Албанец во Македонија оди во опозиција.
„Јас сум докажал, во нашите редови има министри, градоначалници, директори, пратеници кои се Албанци, ние сме растретени од тоа каква етничка припадност има било кој во државава, и претседател и премиер и претседател на Собрание.
За нас има добри и лоши луѓе, квалитетни или неквалитетни луѓе, за нас е многу важно да биде квалитетен човек, добар човек, добар пред се за граѓаните и за државата, да биде достоен за функцијата“, посочи Заев, додавајќи дека ова е популистички чекор на ДУИ.
Извор:НоваТВ










