Европската комисија (ЕК) препорача ограничувањата за патување во Европската унија (ЕУ) да бидат укинати за граѓаните на земјите од Западен Балкан од 1 јули, затоа што смета дека „епидемиолошката состојба во тие земји е слична или подобра отколку во ЕУ“.
Европската комисија исто така им предложи на земјите-членки да ги отворат своите надворешни граници од 1 јули, пишува Радио Слободна Европа.
Ова институцијата предложи од 27 земји да ги укинат сите ограничувања за патувања во рамките на ЕУ и Шенген зоната до 15 јуни.
Препораката за отворање на границите кон регионот е во согласност со најавата на Европската комисија дека ќе вклучи што е можно повеќе земји од Западен Балкан во спроведувањето на упатствата за укинување на рестриктивните мерки воведени во борбата против пандемијата COVID-19.
За другите земји, ЕК предлага решенија да се донесат индивидуално, земајќи ја предвид епидемиолошката состојба во тие земји, вклучително и капацитетот за тестирање и следење на заразените, како и одлуките на тие земји за ограничувања за земјите од ЕУ.
Внатрешните и надворешните граници на ЕУ беа затворени во втората недела од март за да се спречи ширењето на коронавирусот.
ЕК исто така им предложи на земјите-членки да ги отворат конзуларните и дипломатските претставништва за издавање визи, со посебни мерки за заштита, како што се избегнување физички контакт, поттикнување на испраќање на апликации по пошта или по електронски пат, како и други мерки.
Извор: РСЕ







