При превртување на брод во езерото Алберт во Демократска Република Конго животот го загубија 13 лица, а 2 лица се водат за исчезнати, јавува Агенција Анадолија (АА).
Укуму Пјер Клавер, раководителот на регионот Махаги, изјави дека силниот ветер бил причина во езерото Алберт да се преврти брод, информирајќи дека во несреќата настрадале 13 лица.
Во изјавата тој наведе дека во бродот се наоѓале 17 лица, при што спасени се 2 лица, а во тек се спасувачки активности за пронаоѓање на двајца исчезнати.
Несреќите се честа појава во езерото Алберт поради запоставеноста на чамците и бродовите и транспортот на патници над нивниот капацитет.
Anadolu









