Властите на Грузија ја одзедоа лиценцата и ја забранија работата на основното училиште и гимназијата „Шота Руставели“, што е поврзана со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).

Центарот за развој на квалитетот на образованието во Грузија при Министерството за образование на таа земја соопшти дека на таа школска установа во градот Рустави ѝ е одземена лиценцата за работа, откако е утврдено дека нејзините услови за образование и наставни планови не се адекватни за спроведување на годишниот образовен план.

Во соопштението се наведува дека сите 11 членови на инспекциската комисија во мај гласале за одземање на лиценцата.

Исто така се наведува дека образовната установа „Шота Руставели“ спроведувала наставни планови и стратегии без договор со ресорното Министерство.

Во согласност со законските прописи на Грузија, работата на образовните установи се прекинува во моментот на одземање на лиценцата.

Грузиските власти пред три години не ја обновија лиценцата за работа на Меѓународното училиште „Николоз Церетели“ во Тбилиси, Основното училиште и гимназијата „Шахин“ во Батум и Приватниот колеџ „Демирел“, а сите тие установи биле поврзани со терористичката организација ФЕТО.

Во Грузија дејствуваа вкупно седум образовни установи кои се поврзани со терористичката мрежа ФЕТО, а властите на таа земја со одземањето на лиценцата забранија работа на четири од тие установи.

Сите обраозвни установи во Грузија дејствуваат под покровителство на Образовните установи „Чаглар“, кои неодамна го променија називот во Компанија и приватен колеџ „Демирел“.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција, ноќта на 15 јули 2016 година.

Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), и чија екстрадиција Турција официјално ја бараше од САД.

Припадниците на таа терористичка организација со години преку местење на испитите напредуваа во службата, на тој начин инфилтрирајќи се во институциите на државата. Потоа, првин во декември 2013 година, припадниците на ФЕТО во турското правосудство се обидоа преку монтиран процес за наводна корупција да процесираат голем број високи функционери.

Неколку години подоцна следуваше и крвавиот обид на терористите на ФЕТО, односно обидот за пуч изведен од офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската Војска.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека станува збор за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа и турските власти. За време на обидот за пуч во Турција загинаа 251 лице, а околу 2.200 беа повредени.

Anadolu