(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) Палестна: Осудена израелската полицајка, која од забава уби палестинец

by Administrator

Израелски прекршочен суд ја осуди израелски полицајка, откако се изјасни за виновна за пукање на Палестинец во задниот дел од телото.

20-годишната полицајка е осудена под обвинение за физички напад, несовесно користење на оружје и опструирање на правдата.

Во инцидент што се случи пред повеќе од една година, полицајка го застрела 23-годишниот Карeм Ал-Кавасми (Karam Al-Qawasmi) во грбот, на контролниот пункт Ал-Заим (Al-Zaeim) кој се наоѓа во близина на нелегалната израелска населба Маале Адумама на окупираниот Западен Брег (West Bank).

Шокантната снимка, направена во мај 2018 година, покажува како Ал-Кавасми (Qawasmi) паѓа на земја врескајќи во агонија, додека израелските окупаторски сили се смееја и се шегуваа.

Израелскиот весник „Хаарец“ („Haaretz“) го објави апсењето на полицајката минатата година. На чошиптето, Елад Перски (Elad Persky) рече дека осомничената очигледно пукала кон Палестинецот „како сомнителна форма за забава“.

„Обвинетата ја користеше нејзината улога, статус и овластувања за да носи оружје и го навредува достоинството на жалителот искористувајќи ја неговата слабост, но само поради забава“, велат обвинителите, додавајќи дека нејзините постапки исто така ја нарушила довербата во јавноста.

„MEMO“

„Dubai-Portal“

You may also like