Минитсерот за внатрешни работи, Хорст Сехофер најави убави вести за навивачите во оваа земја. Откако Бундес-лигата успешно продолжи и засега нема никакви проблеми, останува уште трибините да бидат полни.

„Јас сум голем оптимист кога станува збор за враќање на публиката на стадионите следната сезона. Нема да биде одма и во полн капацитет, но мислам дека во дел од фановите ќе можат да уживаат гледајќи ги мечевите од лице место. Ќе најдеме решение, сакаме навивачите да се чувствуваат сигурно“, изјави министерот за внатрешни работи, Сехофер.

Во обидот да се вратат фановите се залагаат најмногу клубовите, „Алијанц Арена“ има капацитет од 75.000 места, Баерн предложил на почетокот влезот да се ограничи на 10.000.

Sportmedia