Сопственикот на „Самсунг“ („Samsung“), Ли Јае-Јонг (Lee Jae-yong), се појави на суд чекајќи ја одлуката која можеби ќе го врати во затвор по повеќе од две години затвор, според обвиненијата кои вклучуваат сметководствена измама и манипулација со акции.
Обвинителите побараа да се издаде потерница за апсење на Ли (Lee), откако го испитаа контроверзното спојување на две подружници на „Самсунг“ („Samsung“) во 2015 година, што му помогна да дојде на чело на компанијата.
Ли (Lee), кој ја презеде контролата врз компанијата откако неговиот татко имаше срцев удар во 2014 година, го разви конгломератот и нејзиниот „скапоцен камен во круната“, „Самунг Електроникс“ („Samung Electronics“), чиј годишен приход е 12 проценти од бруто домашниот производ (БДП) на цела Јужна Кореја (South Korea).
На влегувањето во судот, тој не одговори на прашања од новинарите.
По сослушувањето, тој ќе ја чека одлуката на судот, во притвор, јавува „Танјуг“ („Tanjug“), повикувајќи се на „Ројтерс“ („Reuters“).
Обвинителите го обвинија Ли за вмешаност во нелегални трансакции и манипулации со акции што го олеснија спојувањето на подружниците на Самсунг (Samsung) во 2015 година, а тој е исто така обвинет за погрешно претставување на вредноста на „Самсунг Биолоџикс“ („Samung Biologics“).
„Tanjug“
„Dubai-Portal“









