Грција отворено порача: Подготвени сме за војна со Турција!

0
128

Грчкиот министер за одбрана Никос Панајотопулос изјави дека официјална Атина е подготвена да стори сé што е за да ги заштити своите суверени права, вклучувајќи и воена акција против Турција.

„Однесувањето на Турција во последно време е агресивно. „Сметам дека единствениот начин Грција да се справи со таквото однесување, кое во целина има тенденција кон агресија, од една страна – да го искористи целото дипломатско оружје, и од друга – да го зајакне потенцијалот на своите воени сили за спротивставување“, изјавил министерот во интервју за ТВ Стар.

На прашањето дали Грција е подготвена за воено решение на спорот, Панајотопулос одговори: „Току така!“

Како што рекол тој, Грција се подготвува за секоја ситуација а тоа го вклучува ангажирањето на армијата.

„Не го сакаме тоа, но сакаме да ставиме до знаење дека ќе сториме се што е потребно за да ги заштитиме нашите суверени права максимално“, посочил министерот.

Во коренот на конфликтот меѓу двете земји се намерите на Анкара да ги испита резервите на нафта во Егејското Море.

Пред неколку дена во државните турски медиуми беше објавен тендер за лиценца за истражување и експлоатација на нафта кај грчките острови.

Во таа прилика, шефот на грчката дипломатија, Никос Дендијас, изјави дека Турција се обидува да ги прилагоди суверените права на друга земја и тој го карактеризира она што се случи како провокација.