Владата на Либија откри какви активности имаа руските агенти Максим Шогали и Самер Суефан, кои претходно се фатени на територијата на Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на медиумскиот центар на операцијата „Вулкан на гневот” се наведува дека двајца агенти работеле во компанијата „Влевски Астров” (Vlevsky Astrov), чиј сопственик е Јевгениј Превегон и дека испраќале извештаи во базата за воена и економска ситуација во Либија.

Исто така, наведено е дека е утврдено дека агентите во повеќе наврати имале средби со Сефулислам Гадафи, по кој трага либиското правосудство.

Истакнато е и тоа дека компанијата „Влевски Астров” работела на тоа да на евентуални избори во Либиј победат имиња блиски до Русија.

„Со истрагата е утврдено дека на спомнатите двајца агенти им помагале други двајца агенти по имиња Александар Прокофјев и Константин Александар. Организираа лажни печати за извршување финансиски трансакции. Почнаа да ангажираат Либијци да влијаат на избори кои ќе се одржат во наредните денови и да собираат информации”, истакнато е во соопштението.

Врз основа на мобилни телефони, лаптопи и запленети документи утврдено е дека агентите работеле на формирање руска воена база во Либија, оневозможување на САД да воспостават своја база и контролирање на либиската нафтна и плинска индустрија.

Двајцата агенти се фатени во јули 2019 година во акцијата на безбедносните сили на Либија.

Anadolu