Во Тел Авив се одржа протест против изградбата на израелските населби на окупираниот Западен Брег и против израелскиот план за анексија на долината на Јордан.
За време на протестот на плоштадот Рабин се собрале голем број Палестинци, но и значителен број Израелци кои ги поддржаа протестите. Демонстрантите носеле палестински знамиња притоа алудирајќи на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, истакнувајќи транспарент со натпис „премиер на криминал“.
Демонстрантите, исто така, симболично го истакнале и транспарентот „Не можеме да дишеме од 1948 година“. потсетувајќи се на последните зборови на убиениот американски црнец Џорџ Флојд.
Покрај паролите против анексијата, можеле да се слушнат и повици „животите на Палестинците се важни“ и „да се запре расизмот“.
На протестот била објавена и видео-порака на демократскиот сенатор од Вермонт, Берни Сандерс, кој ги поддржал протестите.
– Нелегалната анексија на кој било дел од Западниот брег треба да биде запрена и окупацијата да заврши. Ние мора да работиме да се осигураме дека сите луѓе во Палестина и Израел живеат под еднакви услови, истакнал Сандерс.
Еден од израелските жители кој го поддржувал протестот, Јуди Бенезрак, рекол дека е потребно решение од две држави за израелско-палестинскиот проблем.
– Никој не смее да живее под окупација. Секој треба да има своја држава. Бидејќи ние имаме своја држава, и тие (Палестинците) мора да имаат своја држава. Нашата земја не треба да ја окупира нивната земја – рече Бенеракк.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху формираше заедничка израелска влада со лидерот на опозицијата, Бени Ганц, и двајцата најавија дека ќе го забрзаат планот за анексирање на Јордан долината и другите територии на Западен Брег, каде што се подигнати нелегални еврејски населби од 1 јули.
Палестинската власт објави целосна суспензија на билатералните односи со Израел доколку продолжи со планот на анексија, што се однесува на една третина од палестинскиот Западен Брег, кој со децении е под израелска окупација.














