(Видео) Полицаец на коњ удрил во семафор, коњот започнал да бега и удрил во друг демонстрант

0
140

Полициски службеник и демонстрант се повредени за време на протестот на илјадници граѓани што се одржаа на улиците во Лондон, главниот град на Велика Британија во саботата.

Демонстрантите се собрале пред палатата Вестминстер во Лондон за да го искажат своето незадоволство од убиството на црнецот Американец Џорџ Флојд.

За време на протестот дошло до немири. Полицицијата интервенирала откако демонстрантите на нив започнале да фрлаат шишиња.

При интервенцијата, полицаец на коњи удрил во семафора и паднал. По падот, коњот започнал да трча и удрил во демонстрант.