Илјадници Израелци протестираа денес против планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху за анексија на делови од окупираниот Западен Брег, територии што им припаѓаат на Палестинците во нивната идна држава.
Демонстрантите носеле заштитни маски и се држеле на оддалеченост едни од други заради коронавирусот и се собрале под слоганот „Не за анексија, не за окупација, до слобода и демократија“.
Палестинците сакаат независна држава во областа на Западниот Брег, со Источен Ерусалим како нејзин главен град и Појасот Газа. Израел ги освои тие територии во Шестдневната војна во 1967 година.
Фотограф и израелски медиуми проценуваат дека неколку илјади луѓе се собрале на плоштадот Рубин во центарот на Тел Авив. Анкетата објавена оваа недела покажува дека повеќе од половина Израелци ја поддржуваат анекцијата.
Нетанјаху го постави 1 јули како датум кога ќе започне со спроведување на анексијата на израелските населби и долината Јордан на Западниот Брег и се надева на зелено светло од Вашингтон.
Во јануари американскиот претседател Доналд Трамп откри мировен план што Палестинците веднаш го отфрлија и ја критикуваа идејата за израелска анексија.
Стравувајќи се од можна појава на насилство и дипломатски реперкусии, некои европски и арапски држави, како и Обединетите нации, го повикаа Израел да го напушти својот план.
Некои аналитичари сметаат дека администрацијата на Трамп сега не сака дополнително да ја охрабрува нестабилноста на Блискиот исток со тоа што ќе му дозволи на Израел да се анексира затоа што сам по себе е под влијание на нестабилноста поради епидемијата на коронавирус и протести против полициската бруталност.
(Вијести.ба / Индекс.хр)











