Израелските сили издадоа наредба за уривање на 200-годишни стари индустриски објекти, во сопственост на Палестина, на окупираниот Источен Ерусалим East Jerusalem), јавува новинската агенција „Вафа“ („Wafa“).

Како и во многу населби околу Ерусалим, Вади Ал-Џоз (Wadi Al-Joz) доживува сериозни предизвици со агресивното проширување на присуството на Евреите во таа област.

Претседателот на Арапската комора за трговија и индустрија во Источен Ерусалим        (East Jerusalem), Кемал Обеидат (Kamal Obeidat), за „Вафа“ („Wafa“) изјави дека наредбата е направена по препорака на израелскиот комитет за планирање и зонирање и ќе урне до 200 згради, вклучувајќи авто сервиси, ресторани и други објекти.

Обеидат го нарече овој потег „расистичка наредба“ за уништување на единствената палестинска индустриска зона што служи на 300.000 жители на градот Источен Ерусалим (Jerusalem) да градат израелски структури.

Портпарол на општината Ерусалим (Jerusalem) потврди за „Ерусалим Пост“ („Jerusalem Post“), дека зградите биле срушени како дел од „градежниот проект“, но не може да даде дополнителни детали.

Палестинците сметаат дека ваквите мерки се дел од израелската јудаизација на градот, што вклучува празнење на нејзините палестински жители.

Уривањето дојде во услови на засилени тензии во градот, откако израелските сили го застрелаа Ејад Халак (Eyad Hallaq), невооружен Палестинец со ментална попреченост, кој исто така беше од палестинската населба Вади Ал-Џоз (Wadi Al-Joz), каде што треба да се случи рушењето.

„MEMO“

„Dubai-Portal“