Падна последното упориште на Калифа Хафтар

0
148

Веста за заземањето на последното упориште на генералот Хафтар ја објави Мохамед Гунуну, портпарол на Владата на националното единство (ГНА), кој со помош на Западот го собори и го уби генералот Гадафи.

Силите на ГНА влегоа во градот во зори без борба. Заземањето на овој град симболизира тежок пораз за Маршалот Хафтар, кој се обидува да го ослободи Триполи повеќе од една година.

Војниците на ГНА направија триумфален влез во градот, ноќта од четврток до петок. Медиумите тврдат дека дел од населението ги дочека со радост. Тархуна, која се наоѓа на 80 километри југоисточно од Триполи, беше задната база на силите на Калифа Хафтар за напад врз главниот град. Тие сили веќе два дена почнаа да се повлекуваат кон југ, оставајќи зад себе неколку воени возила и муниција.

Последниот бастион на Калифа Хафтар во западна Либија беше формиран во Тархун, откако се повлече од стратешките градови во регионот, како и од базата Ал-Ватија, потоа од аеродромот во Триполи и југот од главниот град овој четврток.

Заземањето на Тархуна од страна на ГНА означува пресвртна точка во либискиот конфликт. Ова го заклучува нападот на Маршал Хафтар врз Триполи, кој беше започнат на 4 април 2019 година.

Либиската национална армија допрва треба да ги коментира најновите случувања, но во четвртокот, нивниот портпарол Ахмад ал-Мисмари најави повлекување од Триполи и „пренасочување“. Тој го опиша повлекувањето како „доказ за добра волја“ по најавеното продолжување на воените разговори на ООН.

Конфликтот во Либија во последните месеци беше проследен со зголемено учество во странство. Зголемената воена поддршка од турскиот сојузник му овозможи на ГНА да постигне успех на теренот и да го смени балансот на моќ