Либиската армија соопшти дека ја презела контролата над Меѓународниот аеродром Триполи, кој беше окупиран од нелегитимни милитантни сили предводени од Калиг Хафтар од источна Либија.

Веста за ослободување на аеродромот во Триполи ја објави полковникот Мухамед Кунуну, портпарол на либиската армија лојална на меѓународно признатата влада на национално единство на Либија, јавува Анадолија.

Тој во изјава исткнал дека милитантите на Хафтар избегале во правец на регионот Каср бин Гашир, но дека либиската армија продолжила да ги потиснува.

Претходно, либиската армија објави дека започнала операција за ослободување на стратешки важен аеродром во Триполи.

Тоа е аеродром кој се наоѓа на 27 километри јужно од центарот на Триполи и е изграден од Италијанците во 1934 година. Првично била изградена како воена база „Реџа Аеронаутика“, но во 1938 година била проширена и преименувана во „Триполи-Кастел Бенито“.

Меѓународниот аеродром Триполи беше затворен за летови до резолуцијата на Советот за безбедност на ООН во март 2011 година, со која се воведува забрана за летови во либискиот воздушен простор. На крајот на таа година, аеродромот повторно започна со работа, но тој повторно беше затворен во 2014 година, а сите летови беа пренасочени кон воениот аеродром Митига.

Либија е сцена на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година кога беше убиен Муамер Гадафи. Лидерот на сепаратистичките сили во источна Либија, Калифа Хафтар, започна напад во април минатата година за зафаќање на Триполи, кој беше спречен од силите на Владата на националното единство на Либија.

Либиската армија изминативе денови прави големи чекори во борбата против милитантните сили на Хафтар. Милитантите на Хафтар ја изгубија контролата врз неколку градови во Либија минатата недела, вклучувајќи ја и воздушната база Ал-Ватија. Либиската армија исто така воспостави контрола во воените логори на Ел-Текбали, Хамза и Јермук.

(Вијести.ба / ФЕНА)