Светската лига на муслиманската улема, како реакција на убиството на Афроамериканецот во текот на апсењето во Соединетите држави, објави дека слободата во Америка представува само слоган.
Светската лига на муслиманската улема, во изјавата потпишана од шефот на Лигата, Ахмед Ал-Рисуни и Али Кара Даги, генералниот секретар, ги поддржаа мирните демонстрации на американски граѓани кои го осуди убиството на Џорџ Флојд и се спротивстави на насилството и уништувањето на јавниот имот.
„Граѓаните во светот беа шокирани кога видоа како американски полицаец го става колено на вратот на мажот додека тој изговара дека не може да дише. Џорџ Флојд својот последен здив го имаше на грозоморна сцена која предизвикува пот на срам на челото. Тоа се случи во земја која како нејзин симбол ја представува Статуата на слободата, ама ја гази слободата “, се вели во соопштението.
„Ние стоиме покрај мирните протести насочени кон угнетување и одземање на слобода и остварување на законски права и ги осудуваме насилството и уништувањето на имотот“, се вели во соопштението.











