Како што продолжија демонстрациите во Соединетите држави, војниците од Северна Каролина и Њујорк добија наредби да се подготват за распоредување во Минеаполис што е можно поскоро.
Претседателот Доналд Трамп нареди војската да излезе на улиците, нешто што не се памети во САД од немирите во Лос Анџелес во 1992 година.
Демонстрациите во Минеаполис и сојузната држава Минесота продолжуваат веќе четири ноќи, а тие започнаа откако Афроамериканецот Џорџџ Флојд го загуби животот поради насилното апсење и однесување од страна на тамоѓната полиција.
Демонстрациите на гневните граѓани, осудувајќи го полициското насилство и насилството врз Афроамериканците, се раширија во другите градови.
Така во Детрпит е убиен и 19-годишен демонстрант, а се тврди дека убиството не го извршиле безбедносните сили.
Во Минесота, демонстрантите ја прекршија забраната за движење, Националната гарда не е во состојба да ги контролира немирите, а извештаите говорат за штета и грабежи.
Канцеларијата на Си-Ен-Ен Атланта е опкружена, а демонстрантите фрлаат димни бомби кон полицијата обидувајќи се да ја заштити канцеларијата за медиуми.
Новинар од истата ТВ мрежа беше уапсен вчера во Минесота, додека известувал во живо од немирите, а Доналд Трамп се закани на својот Твитер дека ќе употреби сила против демонстрантите и дека безбедносните сили ќе пукаат врз нив.










